Едрење во Грција: Крф – Закинтос – Крф

Крф – Видо – Крф – Паксос – Лефкада – Итака – Кефалонија – Закинтос – Агиос Николаос – Закинтос – Кефалонија – Аргостоли – Асос – Кефалонија – Лефкада – Паксос – Крф

(16 км – 1,5 саат едрење)

Состанок на екипажот на пристаништето во Гувија, кое се наоѓа на 5км од градот Крф. Сместување во едрилицата, купување на намирници, пловење до островот Вид, капење на блиската плажа, враќање на пристаништето. Вечерна посета на Крф.

2 Ден недела: Крф – Паксос

(51 км – 5 саати едрење)

Едрилицата исполовува околу 9 часот и плови покрај градот, се упатува на југ, по должина на обалата на Крф. Се укотвуваме и правиме пауза за капење на плажа со зелена лагуна па продолжуваме со едрење кон југ, до ‘ртот Лефкими, каде што пак се укотвува едрилицата, правиме уште една пауза за капење овојпат на плажа со ситен бел песок. Попладне се оддалечуваме од обалата на Крф и едриме до блискиот остров Паксос, влегуваме во канал на чие крајбрежје се наоѓа шармантниот град Гајос, а наспроти малиот живописен остров Свети Никола. Слободна вечер за прошетка низ многубројните таверни на Паксос.

3 Ден  Понеделник: Паксос – Левкада

(49 км – 5 саати едрење)

Тргнуваме рано наутро и пловиме до блискиот остров Антипаксос, каде се капиме на една од најубавите плажи со смаградна вода во Јонскиот архипелаг. Продолжуваме со едрење према југ до Лефкада. Слободно попладне за вечера и прошетка низ главниот град.

 

4 Ден  Вторник: Лефкада – Итака

(24 км – 2,5 саати едрење)

Тргнуваме наутро и пловиме по канал со должина од 3 милји ископан низ морска бара, која го дели островот од копното. На излегување од каналот правиме пауза за капење на првата плажа, па продолжуваме со едрење према југ кон мали живописни острови. Еден од нив е Скорпиос, приватниот остров на семејството Оназис. Слободно време за капење во заливот. Со едрилицата ќе го обиколиме целиот остров, па продолжуваме со едрење до блискиот остров Меганиси на капење и ручек. Потоа едриме кон Сивота.

5 Ден Среда: Лефкада – Итака

(29 км – 3 саати едрење)

Испловуваме и повторно одиме на плажа во Меганиси, па продолжуваме кон пустиот остров Атокос, се капиме на единствената плажа на островот, продолжуваме со едрење кон Итака, се капиме на плажата Скини, па се враќаме кон Ватија, главниот град на Итака.

6 Ден четврток: Итака – Кефалонија

(27 км – 3 саати едрење)

Рано наутро испловуваме и се капиме на првата плажа. Продолжуваме кон север, па кон каналот измеѓу Кефалонија и Итака. По саат и пол едрење запловуваме кон заливот Порто Полис (на грчки – градско пристаниште) кој се наоѓа во Итака. Во заливот се наоѓаат значајни археолошки ископувања како керамика од микенскиот период, со натпис на грчки „По желба на Одисеј“. Се искачуваме до Ставрос, село  на ридот, каде што според легендата се наоѓал дворот на Одисеј во кој верно го чекала Пенелопа дваесет години. Во паркот има голема бронзена статуа на морнар, која е интересна туристичка атракција и обичај е да се напиеме нешто во негова чест и чест на сите морнари во околните таверни. Се враќаме до заливот и отпловуваме кон Фискардо, нов едриличарски рај, чие пристаниште е преполно со едрилици и таверни, а фасадите на куќите се обоени во живи бои. Овде може да се прошетаме по алеата на големите фикуси.

7 Ден петок: Кефалонија

(24 км – 2,5 саати едрење)

Испловуваме и правиме пауза за капење на скриени плажи, околу пладне пловиме по марината на гратчето Сами, продолжуваме до плажата Антисами, па едриме на југ кон градот Порос.

8 Ден сабота: Кефалонија – Закинтос

(38 км – 4 саати едрење)

Рано наутро тргнуваме кон најјужниот Јонски остров Закинтос. По пристигнувањето околу пладне, имаме слободни активности за прошетка околу островот и туристичките атракции.

9 Ден недела: Закинтос – Агиос Николаос:

(22 км – 2,5 саати едрење)

Наутро испловуваме кон Скинарија, северниот рт на Закинтос каде имаме слободно време за капење на плажите во тој дел, едриме кон рибарското село Агиос Николаос, па имаме слободно попладне за прошетка низ островот.

10 Ден понеделник: Закинстос – Кефалонија

(40 км – 4 саати едрење)

Испловуваме рано наутро и едриме кон една од најпознатите плажи на Закинтос Навагио или плажата на бродоломот, најпопуларната атракција на овој остров. Продолжуваме со едрење на север према Кефалонија, по тричасовно едрење се укотвуваме во Аргостоли, главниот град на Кефалонија.

11 Ден вторник: Кефалонија – Асос

(38 км – 4 саати едрење)

Рано наутро отпловуваме кон запад кон Асос. Попатни паузи за пливање на прекрасните песочни плажи. Попладне стигнуваме на Мирто, најпознатата и најубавата плажа на овој остров. Слободно време за прошетка низ шармантното рибарско село Асос.

12 Ден среда: Кефалонија – Лефкада

(25 км – 4 саати едрење)

Тргнуваме рано, правиме пауза за пливање на блиската плажа, па продолжуваме на север према островот Лефкада. Се укотвуваме и преноќуваме во градот Нидри.

13 Ден Четврток:  Лефкада – Паксос

(61 км – 6 саати едрење)

Го затвораме кругот на едрењето и се враќаме по истиот пат по кој тргнавме. Вечерта ја поминуваме на островот Паксос.

14 Ден Петок: Паксос – Крф

(51 км – 5 саати едрење)

Испловуваме и едриме со успатни капења се до Крф, ноќевање во Гувија.

15 Ден Сабота: Крф

По доручекот се пакуваме и се испраќаме со пијалок за среќен пат.

 

Важна напомена: Капетанот може да го промени дневниот план на едрење, ако дојде до неповолни временски услови.

 

Типови на едрилици:

Bavaria 37

Година: 2006
Должина: 11,8m
Ширина: 3,7m

Содржи три двокреветни кабини, простран салон со кујна и фриждер, тенда, купатило, туш, радио, сателитска навигација, автопилот и сите останати неопходни инструменти за сигурна пловидба. Максимален капацитет е 7 лица.

Bavaria 50

Година: 2007.
Должина: 15,4m
Ширина: 4,5m

Содржи 5 двокреветни кабини, простран салон со кујна и фриждер, три купатила со топла вода и туш кабина, тенда, радио, тв и двд, сателитска навигација и сите останати неопходни инструменти за сигурна пловидба. Максимален капацитет е 10 лица.

 

 ЦЕНОВНИК БАВАРИЈА 37:
Цел брод

Баварија 37

Задна кабина Предна кабина салон Термини 2018 година
14 дена 7 дена 14 дена 7 дена 14 дена 7 дена 14  дена 7 дена  
2300€ 1340€ 400€ 220€ 300€ 180€ 300€ 180€ 31.03- 26.05
3350€ 1850€ 550€ 300€ 450€ 250€  450€ 250€ 26.05 – 09.06
4400€ 2320€ 700€ 450€ 600€ 400€ 600€ 400€ 09.06- 07.07
5100€ 2640€ 800€ 480€ 700€ 430€ 700€ 430€ 07.07- 01.09
4050€ 2320€ 650€ 420€ 550€ 380€ 550€ 380€ 01.09 – 22.09
3350€ 1850€ 550€ 350€ 450€ 290€ 450€ 290€ 22.09- 13.10

 

 ЦЕНОВНИК БАВАРИЈА 50:
Термини 2018 година Задна кабина Предна кабина Морнарска кабина    
14 дена 7 дена 14 дена 7 дена 14 дена 7 дена 14 дена 7 дена
31.03-26.05 550€ 300€  500€ 270€ 400€ 220€ 4700€ 2560€
26.05-09.06 700€ 380€  650€ 350€ 550€ 300€ 6200€ 3340€
09.06-07.07 800€ 440€ 750€€ 400€ 700€ 380€ 7400€ 4000€
07.07-01.09 900€ 550€ 850€ 490€ 800€ 460€ 8400€ 4440€
01.09 – 22.09 800€ 440€ 750€ 400€ 700€ 380€ 7400€ 4000€
22.09 – 13.10 700€ 380€ 650€ 350€ 550€ 300€ 6200€ 3340€

 

Останати напомени:

  • Ценовникот е ист и за групи и за индивидуалци;
  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари;
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки;
  • Цените во табелите се дадени по лице, а патниците сами го организираат превозот до местото на поаѓање;
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • За хигиената во кабините во текот на престојот се грижат самите патници;
  • Интернетот не е вклучен во цената и истиот се наплаќа 10 евра по лице неделно;
  • Минимален број на патници за да се реализира едрењето е 4 особи;
  • За откажување на резервација клиентот плаќа:

30% од цената за откажување повеќе од месец дена пред тргнување;

100% од цената доколку резервацијата е откажана помалку од месец дена пред тргнување;

0% доколку клиентот обезбеди друг патник на неговото место.

Вклучено во цената:

-Сместување во едрилицата;

-Услуги на капетанот;

-Организација и водство на турите;

Не е вклучено во цената:

-Храна и пијалок;

-Други индивидуални трошоци;