ПАТУВАЊЕ ДО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 11ти ОКТОМВРИ

Lasciatemi Cantare…

Програма:

 

  1. Ден (10.10.2018) Состанок на групата кај скалестата зграда(кај Охридска Банка) во 15.00 Поаѓање за Рим во15:30h. преку Драч. Ноќно патување со траект на релација Драч – Бари
  2. Ден (11.10.2018) Пристигнување во Рим околу пладне. Панорамски разглед на Рим со локален водич: Палатинскиот рид, стадионот за трки, устата на вистината, Капитол, плоштадот венеција, плоштадот република, шпанските скали, фонтана “Giannicolo”, “Trastevere” – боемскиот дел на рим. Слободно време во центарот. Сместување во хотел. Ноќевање.
  3. Ден (12.10.2018) После појадокот факултативна посета на Ватикан, плоштадот Навона, фонтаната “Trevi”, “Pantheon” и колосеумот. Попладне време за слободни активности. Ноќевање.
  4. Ден (13.10.2018) После појадокот напуштање на хотелот. Факултативна посета на Villa D’Este во Тиволи позната по многубројните водопади и фонтани. Враќање во Рим. Слободно време. Заминување за Охрид во попладневните часови. Патување со попатни паузи и царински формалности на релација Бари – Драч – Охрид. Пристигнување во Охрид следниот ден околу пладне.

 

ЦЕНА 249

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Превоз со високотуристички автобус според програмата
  • Траект на релација Драч – Бари – Драч (дек седиште)
  • Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок во двокреветна соба; доплата за сам во соба +50€
  • Деца до 3 години гратис; од 3 до 9 години -20% попуст
  • Панорамски разглед на Рим со локален водич
  • Организација и водство на аранжманот

 

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 

  • Задолжително здравствено патничко осигурување
  • Влезници за музеи, палати и други културно историски споменици и атракции
    • факултативна посета на Ватикан со музеите, плоштадот Навона, фонтаната “Trevi”, “Pantheon” и колосеумот (со вклучени влезници со приоритет и локален водич)– 59 евра
    • факултативна посета на Villa D’Este (со вклучена влезница и локален водич)– 29 евра
  • Доплата за кабина за спиење во траект 15 евра по правец по лице
  • Туристичка такса 4 евра на ден– се плака во хотелот

 

НАПОМЕНА: За реализација на програмата потребни се минимум 35 патници.

За факултативните излети потребни се минимум 20 лица (пријавување во агенција)

Неопходно е поседување на биометриски пасош со минимум 3 месеци важност од денот на враќање.

Плаќање исклучиво во денарска противредност по курс 1 = 62 мкд

За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и Глобус Травел.

Организаторот го задржува правото за промена на програмата.