ЗИМСКИ ДЕТСКИ КАМП 2019

Традиционално месец јануари ни е месец на зимското уживање!
Заедно со Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ Ве повикуваме од 12-18 јануари 2019 да ни се придружите во с. Добриниште – Банско и заедно да се дружиме, забавуваме, едуцираме и секако уживаме во зимските спортови!

ЗИМСКИ ДЕТСКИ КАМП – ДОБРИНИШТЕ, БУГАРИЈА 2019

12.01-18.01.2019

(автобуски превоз, 6 полни пансиони)

 

ПРОГРАМА:

 

Прв ден 12.01.2019

Поаѓање за република Бугарија во 05.00 h. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во с.Добриниште. Сместување во хотел Орбел 4*. Ручек во хотелот. Посета на термален базен. Вечера во хотелот. Друштвени активности. Ноќевање.

 

Втор ден 13.01.2019

Појадок. Изнајмување на ски опрема (за оние кои не патуваат со сопствена) и запознавање со користење на истата како и теоретска обука за техниката на скијање. Трансфер до ски стазите. Часови по скијање со ски инструктори. Враќање во хотел. Ручек. Време за одмор. Часови по пливање и други спортски активности и друштвени игри. Прослава на „Стара Нова Година“ со маскембал и забава. Ноќевање.

 

Трет до петти ден 14-16.01.2019

Појадок. Трансфер до ски стазите. Часови по скијање со ски инструктори. Враќање во хотел. Ручек. Време за одмор. Часови по пливање и други спортски активности и друштвени игри. Вечера. Време за забава и дружење. Ноќевање.

 

Шести ден – 17.01.2019

Појадок. После појадокот трансфер до ски стазите. Часови по скијање со ски инструктори. Враќање во хотел. Ручек. Време за одмор. Разглед на Банско. Вечера.

 

Седми ден – 18.01.2019

После појадокот одјавување од хотелот и поаѓање за Р.Македонија. Пристигнување во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 249€ (15 438 мкд)

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација во програмата;
  • Сместување во хотел Орбел 4* во 2+1 соби и 2+2 апартмани на база 6 полни пансиони;
  • Школа за скијање со ски инструктори;
  • Школа за пливање;
  • Вечерна анимација;
  • Поклон изненадување;
  • Туристички разглед на Банско;
  • Здравствена заштита (24 часа лекарска заштита);
  • Организација и водство на патувањето;

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжителна ски лифт карта;
  • Ски опрема;
  • Задолжително здравствено патничко осигурување;

 

Забелешка:

  • Кампот е наменет за деца од 7 до 12 години, но добредојдени се и родители 🙂
  • Организатори на ова патување се: Туристичка агенција Глобус Травел – Охрид и Асоцијација на спортови Спорт за сите – сите за спорт;
  • Потребен е валиден пасош (датумот на истекување да не биде пократок од 3 месеци од денот на враќање );
  • Секое дете кое ќе патува без присуство на родител неопходно е да обезбеди полномошно за патување со трето лице од МВР; деца кои ќе патуваат со еден родител неопходно е да обезбедат полномошно од другиот родител заверено на нотар. (повеќе информации во агенција)
  • За оваа програма важат општите услови за патување на туристичката агенција и СКТМ
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 лица
  • За патување со сопствен превоз цената се намалува за -20 евра по лице
  • Можност за плаќање на 4 рати, (1 рата до 30.10; 2 рата до 30.11; 3 рата до 30.12 и 4 рата до пред поаѓање)
  • Начин на плаќање: (Во готово, со платежна картичка, со фактура во банка);
  • Плаќање во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;

 

Организаторот го задржува правото за промена на програмата